• 31.07.2021 16:23

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Од утре нови ристриктивни мерки: Се затвораат угостителските објекти, полицискиот час се зголемува

Од утре ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки во Македонија поради сериозната состојба со коронавирусот, објави порталот Курир.

Неофицијално, според информациите на Курир, до Владата е предложено зголемување на полицискиот час. Наместо како досега од 22 часот, полицискиот час ќе започнува од 20 часот.

Следна мерка која неофицијално ќе стапи на сила од утре е затворањето на угостителските објекти на две недели.

Владата свика итна седница на која ќе се разгледуваат предлозите на Главниот координативен штаб за управување со кризи.

Во текот на денот се очекува прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.