• 20.04.2021 18:13

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Отворен гасоводот „Балкански проток” преку Србија, Македонија е заобиколена

ByJane Jancheski

Jan 2, 2021

На 1 јануари 2021 година претседателот на Србија Александар Вучиќ свечено ја пушти во работа српската делница на „Турски тек“, гасовод кој е спроведен преку целата земја, од бугарската до унгарската граница, со должина од 403 километри.

„Ова е од пресудно значење за натамошниот развој на Србија“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на гасоводот „Балкански тек“, нагласувајќи дека земјата со гасоводот си обезбедува енергетска стабилност и безбедност, што отвора можност за привлекување нови инвеститори.

Вучиќ прецизираше дека гасот преку тој гасовод ќе се добива по цена од 155 долари по кубен метар, со многу пониски трошоци на транспорт отколку преку гасоводот преку кој Србија досега се снабдуваше.

Гасоводот „Балкански тек“ е дел од гасоводот„Турски тек“, кој е проект на руски „Гаспром“ и на турски „Боташ“, кој би требало да обезбеди стабилно снабдување со гас на Турција, јужна и југоисточна Европа, а долг е вкупно 930 километри, со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно. Првиот крак минува низ Турција, додека вториот крак оди кон Бугарија, Србија и Унгарија. Србија и Бугарија тој дел од гасоводот го нарекуваат „Балкански тек“. Името на овој проект на почетокот беше „Јужен ток“ и требаше да поминува и низ Македонија, но политичката одлука за овој проект на Русија беше негативна.