• 20.04.2021 18:38

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Официјалниот состав на Македонија против Естонија

BySarissa Editor

Nov 15, 2020

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија беше принуден да направи неколку измени во составот за денешниот меч против Естонија.

На голот е Шишковски, а во одбраната овој пат ќе играме со четворица дефанзивци, Велковски и Муслиу ќе бидат централните дефанзивци, а бекови Бејтулаи и Стефан Ристовски.  Во средниот ред ќе бидат Спировски и Николов, а пред нив Елмас. Странично во нападот ќе играат Трајковски и Тричковски, а најистурен ќе биде Несторовски.