• 21.04.2021 00:14

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Официјално почнува со работа новото рудно тело со бакар „Боров дол”

ByHristijan Risteski

Jan 22, 2021

Деновиве официјално почннува со работа новата рударската трака во должина од околу 6,6 километри која се простира од новото рудно тело „Боров Дол” до флотацијата на рудникот „Бучим” во Радовиш.

Заменик генерален директор на рудникот „Бучим”, Николајчо Николов за МИА вели дека официјално на 1 јануари престана ископот на површинските копови на рудното тело „Бучим”, а во моментов се прави ремонт на погонот Флотација и се прават поправки на големите рударски машини.

– „Боров дол” се простира на територија на општините Конче и Штип и само на 4 отсто од територијата на Радовиш. Според истражувањата на новото рудно тело има рудни резерви од 48 милиони тони бакар, што ќе значи и работа на овој рудник за минимум десет години. Годишно од новото рудно тело, кое се наоаѓа над селата Дамјан и Бест во општините Радовиш и Штип ќе се експлоатира руда од 4,5 милони тони, а до флотацијата ќе се пренесува преку рударската трака, вели за МИА Николов.