• 16.05.2021 18:24

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Пападакис: Македонците во Грција сакаат без страв да учат и да зборуваат македонски

Bysrs-editor

Apr 29, 2021

Македонско национално малциство во Грција се бори и понатаму за основите права, за да може да се научи македонскиот јазик во школите и во местата каде се зборува, вели новинарот Јоргос Пападакис, член на централниот совет на “Виножито”, партијата на Македонците во Грција, во интервју за весникот „Илинден“-Тирана.

Таков процес не е ниту лесен ниту брз, но сепак има мали чекори напред. Особено охрабува фактот дека се повеќе млади Македонци се активни, ги барат нивните корени, се дружат, немаат прерасуди, произведуваат култура и го водат процесот, вели Пападакис.

Новинарот потсетува дека постои политичката партија Виножито, имаме дом на Македонската култура кој што се бори за регистрација 30 години наназад, но и покрај одлуките на Европскиот суд за човекови права, Грција и понатаму не го регистрира. Има секаде во Егејска Македонија културни/фоклорни друштва, од Леринско па до Драмско, има невладини кој што го негуват јазикот, но сепак најголемиот проблем е ставот на Грција. Преспанскиот договор ништо практично не смени околу дневниот живот на Македонците и покрај ветувањета и очекувањата. Најголем пример дека ставот на Грција е непроменет околу Македонците е ова што се случува со Македонското здружение “Кирил и Методиј” во Долна Џумаја, Серско.