• 03.08.2021 20:48

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Парада на гордоста или парада на горделивоста?

Byurednik

Jun 27, 2021

Парада на гордоста? Не, парада на горделивоста. Да, токму тоа и е… Горделивиот човек, свртен кон себе, а со тоа отуѓен: “Татко, дај ми го делот што ми припаѓа…. Па кога собра сѐ, си замина….”
Неминовно е, кога човекот ќе се “весели” во својата самодоволност, ќе почне да ја живее отуѓеноста и да ја доживува осаменоста. И ако не сака да се види и “да си дојде на себеси”, ќе пркоси со горделивоста, место да смири со покајанието. Колку жална состојба е таа отуѓеност, како производ на горделивоста. Си спомнувам за зборовите во параболата: „По неколку дена, помладиот син, кога собра сѐ, отиде во далечна земја и таму го потроши својот дел, живеејќи блудно. И откако потроши се…. тој се најде во мака;…. И ‭‭страден беше да го наполни својот стомак со рокчиња што ги јадеа свињите, но никој не му ги даваше.“
Човекот е создаден за заедница со Бога. Со тоа не е ограничен, напротив е ослободен, зашто ужива во прекрасните придобивки од заедницата со Бога, Кој е неисцрпливо и неограничено сѐ, а над сѐ љубов – токму таа што има смисла и ни е потребна и која во себе осмислува сѐ друго. А тоа друго, ако се држи до тоа што му е смисла – има смисла да постои, поинаку ни вреди, ни е потребно.

Само за потсетување на тоа до каде оди горделивоста на отуѓениот човек, кој бивајќи непотребно бунтовен до крај, Му пркоси на Оној Кој Е, постојано Е, преку Кого, заради и поради Кого сѐ има смисла, на Оној Кој ги поставил законите на хармонијата, кои нема да се изменат, зашто и Тој е неменлив: “Потоа рекоа: „Ајде да си соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по целата земја!“ Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки. И рече Господ: „Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик; ова е само ПОЧЕТОК на нивните настојувања. Наскоро ЌЕ ПРАВАТ СЕ ШТО ЌЕ НАУМАТ! Ајде да слеземе и да им го збркаме нивниот јазик за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!”
Затоа, немојте, не е надежта, ниту е вистината, ниту, пак, смислата во тој што не знае ни што зборува, па ниту разбира. 

Презвитер Бобан Митевски