• 30.07.2021 14:02

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Парламентарни избори во Романија 2020

На 6ти декември 2020 година ќе се одржат парламентарни избори во Романија. Избирачкот систем се состои од 329 членови на парламентот. Од нив 308 се избираат од 42 општини во Романија и Букурешт додека  4 се избираат од државјаните кои живеат во странство. Малцинствата исто така имаат 17 места кои се резервирани за нив.

136 членови на Сенатот исто така се избираат пропорционално распределено. Во 41 општина се избираат 121 место, Букурешт избира 13 места додека 2 места се резервирани за граѓаните кои живеат во странство.

На минатите избори победија Социјал-Демократите на Ливиу Драгнеа. Поради недостатокот за мнозинство тие коалицираа со АЛДЕ.Но кабинетите постојано се менуваа поради нивната нестабилност. Лидерот на СД беше обвинет во 2018 за малверзации и беше осуден на 3 годишна казна затвор којаво 2019 започна да ја отслужува.

На овие избори во 2020 година според анализитеи анкетите најголема шанса за победа имаат Национал-Либералната партија со рејтинг од 32% додека социјалистите имаат 27%.

Романците се незадоволни од досегашната власт која се покажа нестабилна и неадекватна и најверојатно ќе ја казнат на претстојните избори. Требадасеобрне внимание и на новоформираната коалиција на УСР и ПЛУС (Унијата за спас на Романија и партијата на слободата унитарноста и солидарноста).

Во секој случај анкетите покажуваат дека победникот нема да има апсолутно мнозинство и дека ќе мора да формира коалиција. Дали партиите на малцинствата ќе играат огромна улога, останува да видиме на 6ти декември.