• 03.08.2021 22:39

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Парламентот во Чешка изгласа дека употреба на оружје за caмooдбpaнa треба да биде дозволено

Bysrs-editor

Jun 22, 2021

Чешките законодавци го одобрија уставниот амандман со кој се одобрува употребата на огнено оружје во самоодбрана – ова ново право на граѓаните на Чешката Република ќе биде дел од преамбулата на Уставот во земјата со која се определуваат основните човекови права и слободи. За амандманот гласаа 141 од вкупно присутни 159 пратеници. При ваков вид на законски измени, за промена се потребни 120 гласа од 200те чешки пратеници.

Амандманот е одобрен како реакција на ревидираната директива на Европската Унија од 2018. година со која се наметнуваат низа на забрани и стриктна контрола на набавка и поседување на огнено оружје како и целосна забрана за неколку полу-автоматски типови на оружје за цивилна употреба. Директивата беше ревидирана по терористичкиот акт во Париз во 2015.

Ваквиот амандман го поддржаа и 102.000 граѓани на петиција.