• 20.04.2021 17:12

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Партијата Фидес ја напушти групата европски народни партии во Европскиот парламент

ByJane Jancheski

Mar 3, 2021

Унгарската партија Фидес, предводена од премиерот Виктор Орбан, ја напушти групата европски народни партии во Европскиот парламент (ЕП). Одлуката донесе кратко откако членовите на Европската народна партија (ЕПП) со големо мнозинство гласаа за промена на деловникот, дозволувајќи исклучување на политичките партии кои се дел од групата, отворајќи го патот за протерување на партијата Фидес.

Европската народна партија е најголемата политичка група во Европскиот парламент. На состанокот на оваа политичка група, што се одржа во среда, на 3 март, 148 пратеници гласаа за имињата, што претставува над 80 проценти од членовите. За да се направат промените, беше потребно двотретинско мнозинство.

Во писмото испратено до шефот на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер, унгарскиот премиер Орбан оцени дека гласањето во средата е „непријателски потег против Фидес и нашите гласачи“.

Пред неколку дена, унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ја повлече својата партија Фидес од Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент доколку конзервативниот блок ги одобри новите внатрешни правила оваа недела. Орбан го постави ултиматумот во писмо до Манфред Вебер, германскиот политичар кој го предводи конзервативниот блок ЕПП, најголемата фракција во Европскиот парламент. Парламентарната група на ЕПП, во која членуваат конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел, веќе со години се бори со Фидес кој е суспендиран од ЕПП од 2018 година, но сепак има 11 пратеници во групата на ЕПП во Европскиот парламент.