• 25.06.2021 07:51

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Партнерство: правен одговор на НАТО на кинеското прашање

Светот во кој работи и функционира НАТО алијансата се развива уште од нејзиното зачнување. За да останат релевантни, стратегијата и операциите во раките на НАТО исто така мора да бидат дел од таа еволуција. Партнерствата се некои од најмоќните и најважните алатки на глобална стратегија на Алијансата. Нејзината постојна партнерска инфраструктура мора да ја вклучи Кина. Содржината на Северноатлантскиот договор и праксата на НАТО обезбедуваат флексибилна правна рамка во која може да се случи таква стратешка одлука. Дополнително, Алијансата има четири основни средства преку кои би можела да создаде врска со Кина.

Првата е да се одржи статус кво состојба на постојната врска. Оваа опција ќе овозможи континуитет без дополнителни инвестиции, но може да ја остави Алијансата без дефиниран начин на решавање на растечкото влијание на Кина помеѓу нејзините членки и партнери. Алтернативна опција е вклучување на Кина под програмата „Partners Across the Globe“. Овој билатерален пристап ќе обезбеди флексибилност во структурата и ќе биде едно осигурување дека се застапени индивидуалните интереси на двете страни. Друга потенцијална рамка би било организациско партнерство со СЦО. Четвртата опција на НАТО е создавање на Група за партнерство во Источна Азија. Овој избор ќе обезбеди регионален контекст на односите на Алијансата со Кина, дозволувајќи му на партнерството да се осврне не само на билатералните прашања специфични за земјата, но исто така и за да се овозможи структурирано учество на НАТО во регионални прашања. Конечно, петтата опција за Алијансата е да спроведе политика на „non-relationship“.

Иако овој аранжман не мора да биде недефиниран или антагонистички, сигурноста на интеракцијата на двата ентитета врз глобалната слика заедно со несигурноста на параметрите на таквата интеракција, отсутна каква било формална врска, може да дозволи случаи на конфликт.

Формирањето и одржувањето на меѓународните партнерства може да биде предизвик. Но, ваквите односи се клучни за опстанокот на една организација. Соочувајќи се со променливата глобална реалност во која Кина се карактеризира како истакнат играч, НАТО мора да стори повеќе за да и се приближи на оваа земја и нејзиното глобално растечко влијание, т.е преку преземање на формално партнерство со Кина. Без разлика на кој начин на пристап на крај ќе го избире, идната важност на НАТО зависи од нејзината способност директно и официјално да ја вклучи Кина во значајно кооперативно партнерство.