• 20.04.2021 17:56

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Пентагон се залага за учество во планирањето на воената мобилност на ЕУ

Официјални претставници на американската одбрана сакаат да бидат дел од внатрешниот проект на Европската унија, чија цел е олеснување на протокот на воени сили низ континентот.

Ова има за цел да ја зацврсти американската улога во справувањето со клучниот проблем овде, за кој официјални лица од двете страни на Атлантикот традиционално работеа преку НАТО: намалување на бирократијата за прекугранична логистика и воспоставување на транспортна инфраструктура, способна да пренесе значителна борбената сила кон точките на исток.

Исто така, претставува првичен тест за тоа дали Вашингтон може да игра улога во процесот на постојаната структурирана соработка на ЕУ (ПЕСКО), дизајниран да ја подобри соработката во одбраната меѓу нејзините членки.

Предводен од Холандија, проектот „Воена мобилност ПЕСКО“ има за цел „поедноставување и стандардизирање на прекуграничните воени постапки за транспорт“, според описот на веб-страницата на Европската комисија. „Ова подразбира избегнување долги бирократски процедури за движење низ или над земјите-членки на ЕУ, било преку железница, пат, воздух или море“.

Барањето на САД да се приклучат на проектот „не само што се усогласува со тековната и комплементарната работа во НАТО, туку е критичен чекор за да се идентификува како Соединетите држави и ЕУ можат да работат заедно во други проекти на ПЕСКО и да ја информираат можната соработка меѓу САД и ЕУ во рамките на другите ЕУ иницијативи за одбрана“, изјави за Дифанс њуз портпаролката на Пентагон, Џесика Максвел.