• 22.04.2021 01:20

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Петир: Новата власт ме исклучи од групата Пријатели на Македонија и навести дека ќе формира нова

BySarissa Editor

Dec 26, 2020

Маријана Петир е европратеничка од Хрватска која ја бранеше Македонија од агресивните настапи на грчките европарламентарци кога се дискутираше за Македонија. Таа во 2016 година ја возобнови групата Пријатели на Македонија во која имаше 20-тина европарламентарци. На промоцијата Петира тогаш рече дека главна цел на групата е „да ѝ се помогне на Македонија конечно да ги почне пристапните преговори за членство во ЕУ чие отворање десет години го блокира Грција“.

Петир од пред неколку дена е исклучена е од групата Пријатели на Македонија по барање на македонската Влада.

„За жал, се покажа дека новата македонска власт не сака да комуницира со политичките неистомисленици и е исклучива кон нив. Жал ми е дека новата Влада не беше подготвена на соработка . Со месеци со мене никој не контактираше. Иако доаѓаа во институциите на ЕУ, со мене никој никогаш немаше потреба да се состане, ниту пак да се координираме за идните активности. Потоа од мојот застапник, кој беше контактиран, добив информација дека сега формираат нова група за пријателство. Како што е познато, од самиот почеток на работата во Европскиот парламент се залагав Македонија да стане членка на НАТО и да се отворат преговорите меѓу Македонија и ЕУ, а сите билатерални прашања да се решаваат во текот на преговорите. Посматрајќи ја борбата и неправдата која со години ѝ се нанесува на Македонија, не можев да останам на страна затоа што длабоко верувам дека граѓаните на Македонија заслужуваат почитување и правда, заслужуваат да бидат полноправни граѓани на ЕУ и во европското семејство да го донесат целиот свој идентитет. Во таа насока и одеше нашето делување во групата Пријатели на Македонија во Европскиот парламент. Се надевам дека и новата група на пријатели и натаму ќе ја водат работата за добробитта на македонскиот народ  како што тоа и беше во изминатиот период. Македонскиот народ секогаш ќе има верна пријателка која води сметка за неговиот просперитет“, вели Петир во изјавата за МКД.мк.

Во изминатиот период, Петир беше позната по својот јасен став за поддршка на уставното име на Македонија, за што и беше честа мета на напади од страна на грчките политичари. Таа органиираше повеќе настани и собири во Брисел, на кои Македонија имаше полна поддршка во борбата за своите права.

Петир е членка на десничарската партија Хрватска селанска странка (ХСС).