• 25.06.2021 09:01

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

„Пионер“ првото детско списание на македонски јазик кое излегува во 1945

BySarissa Editor

Jan 3, 2021

На денешен ден, 3 јануари, во 1945 година, во Скопје започнало да излегува првото детско списание на македонски јазик во Македонија, „Пионер“. Неговите први уредници биле писателот Славко Јаневски и професорот Јонче Јосифовски.

Ова воедно своевремено е првото детско списание на македонски јазик кое излегува во слободна Македонија. Неговиот изглед бил соодветен на временскиот период, во своето 16-то издание можеме да видиме приказ на насловната страна по повод националниот празник 11 октомври Денот на народното востание. Весникот чинел 2 динари и бил насловен како весник за најмладите во Македонија.

Професорот Јонче Јосифовски е автор на првиот учебник по филозофија на македонски јазик. Додека Славко Јаневски е истакнат македонски раскажувач, романописец, поет, филмски сценарист, есеист и сликар. Долги години бил член на МАНУ и Друштвото на писатели на Македонија. Тој припаѓа на првата генерација македонски писатели по Втората светска војна, која ги поставила темелите на современата македонска книжевност. Неговиот роман „Село зад седумте јасени“ (1952) е првиот роман објавен на стандарден македонски јазик.