• 15.04.2021 10:04

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Писмо од припадниците на единицата „Тигар“ до Заев, Шекеринска и Груби

Bysrs-editor

Mar 13, 2021

Припадници на полициската единица „Тигар“ којашто во саботата ја одбележа 40-годишнината од своето основање и истовреено беше преименувана Специјалната полициска антитерористичка единица и со променет амблем од кој е отстрането името Македонија, реагираа со допис на социјалните мрежи искажувајќи го своето незадоволсто од односот кон нив од премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска и првиот вицепремиер Артан Груби

Обраќањето го пренесуваме интегрално во продолжение

„Ова писмо го пишуваме ние припадниците на единицата Тигар со заклетва да ѝ служиме на нашата мајка Македонија. Писмото е поради револотот и обезличувањето кое денес го нанесе државниот врв за нашата работа, нашето дело и нашата кауза.

Раководството на Тигрите не реагираше, но ние, како и во борба, така и денес кога има мир, нема да се покориме на тие кои ни пликаат по мртвите коски на нашите браќа по оружје.

Сите даваат по нешто, но некои дадоа сѐ. Да, паднатите херои на совреена Македонија. Тигрите, нашите браќа, по заклетва, срце и сила кои го загубија својот живот за нашата Македонија, за вашиот мир. Нвиниот живот е даден дури и за вас сега да сте преиер, министири, директори, за да се шетате со обезбедување, јадете по сакпи ресторани ид а возите службени коли.

Длабока е навредата, но и понижувањето што Артан Груби кој е дел од државниот врв не се поклони пред паднатите херои. Но и што премиерот Зоран Заев ја обездржави единицата Тигар, со тоа што го тргна светото име Македонија од нашите обележја.

Голем срам е што Заев, Шекеринска и Груби не ги почитуваат Тигрите, кои постојат за Македонија. Така веднат глава на оние кои даваат сѐ.

Ние постоиме за Македонија, но неа веќе ја нема на напите рамења, во нашите обележја. Ни ја зема политиката. Но таа, нашата мајка, останува во нашите срца, и ќе греее додека пламтат нашите срца.

Останува и не се брише ниту страмот на Заев, Шекеринска и балистичката власт.

Шекеринска позираше пред симболите на УЧК, Заев во Куманово парадираше низ Диво Насеље, каде претходно нашите браќа оставија животи. Заев и Шекеринска не направија ништо. Само срам и понижување.

Мислат дека ако нѐ понижат дека ќе нѐ натераат да се откажаме. Ние ја сакаме Македонија и ќе се бориме за нашиот народ, без разлика на сѐ. И Заев и Шекеринска ќе поминат, но срамот ќе им остане, а тежината на срце и душа, во тоа сме сигурни, Македонија ќе го врати ударот. Ова е последен пат кога се обраќаме со писма, не нѐ педизвикувајте зошто знаете дека можеме многу повеќе.

Да е жива Македонија!

Зборовите од нашата заклетва:

Господи, чувај ме од зло
и дај ми сила
да ги одбранам
мојот дом
мојот народ
мојата Македонија
Амин!“, се наведува во обраќањето.