• 25.06.2021 08:57

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Победа на ЦДУ на покраинските избори во Саксонија-Анхалт

Bysrs-editor

Jun 7, 2021

Конзервативците на канцеларката Ангела Меркел извојуваа огромна победа на покраинските избори во источна Германија во неделата, што претставува поттик за Армин Лашет, кој се надева дека ќе ја наследи на националните избори во септември.

Според излезната анкета од изборите во Саксонија-Анхалт за јавниот радиодифузер МДР демохристијани (ЦДУ) имаа 36 отсто од гласовите, за шест поени повеќе од пред пет години и далеку пред крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), кои се на 22,5%, малку помалку од претходните избори.

„Победивме на изборите“, рече премиерот на државата Саксонија-Анхалт, Рајнер Хазелоф, откако излегоа излезните анкети. „Големо мнозинство од нашите граѓани изјавија дека не сакаме да бидеме поврзани со АфД. И за тоа сум благодарен“.

Тој и другите конзервативци го поздравија резултатот како поттик за нив пред федералните избори.

„Ова ќе ни даде поттик за Берлин“, рече водачот на националната конзервативна група, Ралф Бринкхаус. „Тоа е победа за Армин Лашет“.

Резултатите беа разочарувачки за повеќето други партии, особено за Зелените, кои се блиску на второто место во однос на конзервативците на национално ниво, и имаа едноцифрен успех на регионалните избори. Според ислезните анкети тие освоија околу шест отсто, што е минимално подобрување од пред пет години.

„Секако, би сакале да сме поминале подобро“, рече нивната кандидатка за канцелар, Аналена Бербок. Зелените се традиционално послаби во помалку урбаната источна Германија, што е повеќе потпрена на индустриите со интензивен јаглерод за кои Зелените се надеваат дека ќе ги исфрлат од употреба.

Бербок рече дека конзервативците имаат корист од гласачите кои се обединија зад актуелниот премиер од желба да ја спречат екстремната десница, која беше на само еден поен од конзервативците во некои анкети на јавното мислење.

Конзервативецот Фридрих Мерц, кој загуби од Лашет во својата трка за лидер на ЦДУ, возврати во твит: „Оваа вечер возот Бербок излезе од шините“.

Карстен Никел, аналитичар во консултантската куќа „Тенео“, рече дека резултатите од покраинските избори се „многу потребниот поттик за Лашет исто како што се загрева кампањата за Бундестагот “.

Про-бизнис Слободните демократи беа уште еден победник, повторно влегоа во парламентот откако нивниот удел на гласови се искачи над прагот од 5% потребен за освојување места.

Социјалдемократите, помлади партнери во владејачката коалиција на Меркел, имаа разочарувачка вечер, со прогнозиран удел на гласови од 8%, покажувајќи дека не се во можност да ја искористат популарноста на Олаф Шолц, кој е министер за финансии и нивен кандидат за канцелар.

Хазелоф призна дека формирањето на покраинска влада може да биде незгодно.