• 16.05.2021 19:49

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Полицискиот час го прекршиле 36 лица, за неносење маска казнети 412 граѓани

Триесет и шест лица не ја почитувале тековната забрана за движење, што е во сила од 20 часот навечер до 5 часот наутро, а изминатото деноноќие се регистрирани  412 прекршоци за мерката носење лична заштита на лице, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираат да се почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел да се спречи ширењето на Ковид-19.