• 11.04.2021 10:21

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Полска им забрани на хомосексуалците да посвојуваат деца

Bysrs-editor

Mar 11, 2021

Новиот полски закон им забранува на луѓето што живеат во истополови заедници да посвојуваат деца дури и кога ќе се изјаснат како самохрани родители, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека Полска забранува истополови парови да посвојуваат деца заедно, но некои успеале да ја „заобиколат“ оваа забрана така што еден член би посвоил дете со изјава дека тој е самохран родител.

Сега и тоа ќе биде забрането, а заменик министерот за правда Михал Војчик објаснува дека „хомосексуална двојка нема да може да посвои дете на кој било начин“.

Тој истакна дека службите што го проверуваат минатото на потенцијалните посвојувачи треба да обрнат посебно внимание на тоа дали индивидуата која сака да посвои дете живее во хомосексуална врска.