• 15.04.2021 08:47

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Полска и Унгарија без двоумење не се откажуваат од ветото за буџетот на ЕУ

Европската унија се надева дека до вторник, Полска и Унгарија ќе го повлечат ветото за буџетот на ЕУ како и фондот за опоравувањеод covid 19. Што ќе се случи доколку не го повлечат ветото? Тогаш европската унија има за цел да го формира фондот без Полска и Унгарија.Фондот за грантови и заеми за опоравување на економиите ќе изнесува 750 милијарди евра.

Доколку Полска и Унгарија не го тргнат ветото тогаш фондот ќе биде биде формиран без нив и тие нема да можат да добијат финансиска помош за опоравување. Голем проблем е што буџетот без нив за разлика од фондот нема да може да биде изгласан. Во тој случај ќе се изгласа привремен буџет само за 2021 година, а не за наредните 7.

По скоро еден месец преговори, министрите за надворешни работи на двете земји изјавија дека нема да го повлечат ветото и ќе останат на истиот став. ЕУ верува дека оваа блокада е инструирана и поддржана од конзервативните влади и најверојатно тоа ќе биде тема на разговор на самитот на ЕУ од 10 до 11 декември годинава.

Правната комисија на ЕУ за формирање на фондот деновиве ќе одреди колку брзо може да се формира истиот, но известуваат дека тоа нема да трае повеќе од еден месец. Од комисијата исто така пренесоа дека дека според законот на ЕУ за проекти, може да се прифати проект (како во случајов фондацијата за опоравување од covid), кој е предложен и прифатен од најмалку 9 земји членки на Европската унија. Доколку се реализира според планот проектот може да функционира веќе во средината на 2021 година.