• 22.04.2021 00:28

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Пописот ќе се одржува од 5 до 30 септември, локалните избори во втората половина на октомври

Bysrs-editor

Apr 3, 2021

Собранието синоќа ги донесе измените на Законот за попис, со што статистичката операција што првично беше планирано да почне на први април, се одложува за периодот од 5 до 30 септември.

Измените и дополнувањата на Законот за попис беа донесени со 95 гласа „за“, а „против“ гласаа 12 пратеници. Во рамки на гласањето по Бадентер, 26 пратеници од заедниците гласаа „за“, додека 12 беа „против“.

Покрај ова, на синоќешната седница, Собранието со 95 гласа „за“ го потврди одложувањето на локалните избори за втората половина на октомври. Со тоа ќе се овозможи кампањата за локалните избори да zaпочне откако ќе заврши теренската фаза од пописот.

Исто така, со 95 гласа „за“ беа донесени измените на Изборниот законик. При гласањето по Бадентер, 27 пратеници припадници на заедниците гласаа „за“, а против и воздржани немаше.

Законите ќе стапат во сила откако ќе ги потпише претседателот Стево Пендаровски и ќе бидат објавени во „Службен весник“.