• 15.04.2021 09:05

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Популарни светски и македонски хитови на традиционалниот Василичарски концерт во MОБ

BySarissa Editor

Jan 7, 2021

Македонската опера и балет ја продолжува традицијата воспоставена пред повеќе од 25 години и во вторник и в среда, 12 и 13 јануари, со почеток во 20 часот, ќе го одржи гала-концертот по повод празникот Василица.

Оваа година концертот носи наслов „Најголемите хитови“, односно направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти со симфониски аранжмани.

Публиката ќе има можност да ужива во популарните светски и македонски хитови во изведба на оперски и поп-солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Почитувајќи ја традицијата на нашиот народ да ја прославува Стара Нова година, Националната опера и балет го утврди овој концерт во 1993 година и во годините потоа тој стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моментната состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска.

Билети може да се набават на билетарницата на Национална опера и балет и онлајн.