• 16.05.2021 18:48

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Поради недисциплина и алкохолизираност, вратени 2 припадници од НАТО мисијата на АРМ во Косово

Во текот на вчерашниот ден, во Македонија биле вратени 2 припадници на АРМ кои покажале непрофесионализам и ја нарушиле дисциплината во базата на КФОР.

Ова е уште еден показател дека при селекцијата на припадници за мисии во странство не се запазуваат потребните критериуми и проверки.

Инаку според нашите информации двајцата припадници на АРМ со кого раководи Радмила Шекеринска биле вратени поради недисциплина и алкохолизираност, што значи пиеле алкохол додека биле на мисијата во базата на КФОР.