• 20.04.2021 18:15

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Почна голема воена вежба на руската Црноморска флота на Крим

Руското Министерство за одбрана потврди дека околу 50 различни системи на оружје и 500 војници ќе учествуваат во големите маневри на ракетни и артилериски единици на Црноморската флота кои почнуваат денеска на Крим.

– Црноморската флота започна теренска вежба за војници од единиците на своите ракетни и артилериски трупи. Вежбата се спроведува на полигонот Опук на полуостровот Крим, кој се користи за обука на армискиот корпус на Црноморската флота, се наведува во соопштението на руската армија.

Војската потврди дека маневрите опфаќаат користење на 50 различни системи на вооружување, а меѓу нив и ракетниот систем „Град“, хаубици 120 мм Д-30, самодвижечки артилериски топови „2Ѕ9 Нона-Ѕ“, како и минофрлачи „Сани“ и „Поднос“, додека во теренската вежба ќе учествуваат околу 500 луѓе.