• 03.08.2021 19:44

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Поштенски жиг – 100 години од раѓањето на Васко Карангелески

Bysrs-editor

Jul 7, 2021

– Пошта на Македонија изработи пригоден поштенски жиг, со што денес се одбележуваат 100 години од раѓањето на народниот херој, генерал Васко Карангелески.


Пригодниот поштенски жиг од утрово се употребува во Битола, во сите единици на поштенската мрежа 7000, а потоа пригодниот поштенски жиг трајно ќе се чува во Бирото за филателија. Народниот херој Васко Карангелески е роден на 7 јули 1921 година во битолското село Брусник, а животот го загуби во несреќен случај, на 3 февруари во 1977 година. Карангелески за време на антифашистичката војна 1941-1944 година бил заменик командант на баталјонот „Стив Наумов“, командант на Петтата и Седмата бригада, а за време на ослободителната борба бил и командант на 49. Македонска дивизија.

Генерал Васко Карангелески за народен херој бил прогласен на 29 ноември 1953 година.