• 03.08.2021 16:54

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

По 19 години, заврши учеството на АРМ во мировната мисија во Авганистан

Bysrs-editor

Jun 29, 2021

Македонија ги повлече своите војници од Авганистан, откако заврши последната ротација на македонската армија. Во согласност со одлуката на сите земји-членки на Алијансата за завршување на мисијата „Одлучна поддршка“. По повод завршувањето на учеството на Армијата во Авганистан, денеска во 10.50 часот, во касарната „Илинден“ ќе се одржи свечена церемонија.

„Заврши последната ротација на припадници на Армијата на Македонија во Авганистан. Нашите мировници се вратија дома, а со тоа заврши и скоро две декади долгото учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и  „Одлучна поддршка’ во Авганистан“, соопшти Министерството за одбрана.

Во периодот од 2002 до 2015 година, околу 3.000 припадници на Армијата беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи. Македонските војници, подофицери и офицери работеа како штабни офицери, припадници на единици на обезбедување на главната команда, инструктори во тимови за менторирање, а беа дел и од медицински и хируршки тимови. Во ИСАФ, свој придонес дадоа и специјалните единици, кои работеа заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт, во здружени тимови.

Македонија во ИСАФ соработуваше со поголем број на партнери, денеска  сојузници – САД, СР Германија, Турција, Обединетото Кралство, Норвешка, Грција, Чешка, Франција, а офицери испраќавме и како дел од земјите на Јадранската повелба А3 со Албанија и Хрватска, односно подоцна и земјите од групата А5.

Од 2015-тата година, припадниците на Армијата даваа свој придонес во мисијата- наследник, „Одлучна поддршка“ и тоа со 500-тини припадници, распоредени во Командата за обука, советување и асистенција – главен град Кабул, под команда на Турција; потоа во Командата на мисијата предводена од САД, со задача обезбедување на командата; во тим за советување во командата – Север предводени од СР Германија; во рамките на заедничкиот придонес на групата А5 во Центарот за здружени операции на КОСА – Север и во хирирушки тим во норвешката Role-2 болница, во соработка со Кралството Норвешка.