• 11.04.2021 11:44

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Првични резултати од парламентарните избори во Романија

Изборниот циклус помина во најдобар ред,  без никакви проблеми. Овие избори ќе бидат запаметени по тоа што имаат најслаба излезеност (31%) од гласачкото тело во историјата на изборите во Романија. Со мали изненадувања првичните резултати гласат:

Резултати за пратеници во долниот дом: PSD – 30,5%, PNL – 29%, USR – PLUS – 15,9%, UDMR – 5,7%, AUR – 5,2%, PMP – 5%, PRO – 5%

Резултати запратеници во Сенатот т.е. горниот дом: PSD – 30,6%, PNL- 29,1%, USR-PLUS – 16,4%, UDMR – 5,7%, AUR – 5,3%, PMP 5%, PRO – 5%

Иако се предвидуваше тесна победа на либерално-конзервативната PNL, сепак победата ја земаа социјалистите PSD кои ќе имаат предност во формирање на идната влада. Алијансата на USR и PLUS го зема третото место како што предвиде аналитичкиот тим на Институтот за конзервативни политики – Сариса, додека партијата на унгарското малцинство UDMR без проблеми ги освои гласовите на унгарците. Најголемото изненадување на овие избори е AUR – Алијанса за романско национално единство. AUR е делумно ново формирана партија пред точно една година и е позната по своите ултра десничарски ставови. Најголемо разочарување доживеа партијата PRO на контроверзниот социјалист и левичар Виктор Понта кој веднаш после дебаклот си поднесе оставка.

Останува да видиме дали социјалистите  ќе имаат успешни преговори со остнатите партии. Како што предвиде тимот на Институтот за конзервативни политики – Сариса, дека кој и да победи на овие избори без разлика дали PSD или PNL, ќе мора да коалицира со алијансата на PLUS и USR и унгарската UDMR. Без нив формирање на нова влада нема да е возможно. Мала скептичност дека PSD ќе им понуди коалиција на AUR поради ултрадесничарските ставови, но како што е познато низ историјата на романските избори дека различните идеологии не играат улога во формирањето на владеачки коалиции. Сеуште неизвезно, но наредната недела се очекува да сеформира стабилна влада којаќе ја стопира политичката нестабилност во Романија која трае повеќе години. Останува да видиме којќеја формира, дали социјалистите PSD или ПНЛ – Либералните конзервативци.