• 21.04.2021 08:24

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св.Богородица во Матејче

BySarissa Editor

Nov 29, 2020

Националниот конзерваторски центар – Скопје започна со превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св. Богородица во Матејче, за ова културно добро да се заштити од надворешни влијанија во зимскиот период. За Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матејче, уште во 2017 година Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство повеле иницијатива за негово прогласување за културно добро во опасност, но тоа до денеска не е сторено.

Статусот добро во опасност, значи да се мобилизираат сите стручни и материјални ресурси во земјава и да се вклучуваат меѓународни експерти и ресурси за трајно решавање на проблемот.

Црквата „Света Богородица“ во Матејче во себе го содржи најголемиот насликан ансамбл од 14 век на македонската територија и е еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва и ремек-дело на дворскиот стил кој што бил карактеристичен за епохата на Палеолозите. Изградена e во XIV век од страна на цар Душан, а по неговата смрт, неговата сопруга Елена и неговиот син Урош ја доградиле и живописале. За време на воениот конфликт во 2001 година, црквата е оштетна, а конаците разурнати.

И покрај сите премрежиjа, црквата и денеска му пркоси на времето и изгледа величенствено.