• 04.08.2021 10:10

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Предвидувања за сајбер безбедноста за 2021 година

Сајбер-безбедноста брзо стана главен приоритет за многу организации оваа година. Ова тешко време ни покажа дека дури и најголемите корпорации не се имуни на сајбер нападите. Многу организации претрпеа нарушувања и пропусти во безбедноста, бидејќи се бореа да ги пронајдат вистинските решенија за да останат поврзани, додека заштитуваа вредни и чувствителни информации во раните денови на далечинското работење поради пандемијата. Како што минуваат месеците, веројатноста да се вратите во канцеларија во скоро време изгледа малку веројатно. Некои компании дури бараат решенија за трајно преминување кон хибридни или целосни начини за работа од дома.

Оваа година беше еден голем предизвик за приватноста на податоците.

Економијата претрпе апсолутно голем удар. Во 2021 година, глобалната економија ќе забави до едноцифрен раст, бидејќи земјите ја минимизираат активноста со цел да го забават ширењето на КОВИД-19. Во меѓувреме, додека трае работата од далечина (работа од дома), трошоците за зголемување на сајбер безбедноста најверојатно ќе достигнат двоцифрен раст во сите индустрии. Освен ако корпорациите, владините агенции и националните државни институции не сфатат како да ги ублажат овие сајбер ризици, глобалната заедница ќе претрпи катастрофални економски загуби.

Владите ќе бараат решенија за суверенитет на податоците.

Не е тајна дека политичката несигурност во САД создаде немири и на домашен и на глобален план. Не само што довербата меѓу државите беше на историско најниско ниво, туку и зголемувањето на сајбер нападите на локалните и државните власти резултираа со зголемен број на ситуации на ransomware. Во оваа неизвесна политичка ситуација, владите би требало да имаат поголем приоритет околу суверенитетот на податоците.

Почетокот на пандемијата доведе до многу претпријатија да прават видео повици со десетици, ако не и стотици учесници – во превод, лоша идеја. Со тек на времето видовме дека овие отворени видео повици од големи размери создадоа можности за лошите актери во оваа приказна да добијат пристап и да ја нарушат безбедноста. Наместо тоа, луѓето би требало да претпочитаат приватни и безбедни видео групи.

Бидејќи компаниите ги ревидираат своите работни архитектури за да приспособат дисперзирани тимови во обем, тие ќе треба да инвестираат во разновидни технолошки решенија. Зголемениот бран на мобилна работна сила и сајбер-закани ќе резултира со неколку конкурентни приоритети како што се погодност, безбедност, висока интеграција и приватност. За да се реши овој проблем, компаниите ќе инвестираат во алатки кои се најсоодветни.

Со сигурност може да се каже дека работната култура драматично се промени и никој навистина не може да предвиди како ќе изгледа работната сила за една или две години од сега.

Она што веќе го знаеме е дека големите технолошки компании се пионери во движењето кон трајни работни структури од далечина – отворајќи го патот за организациите од сите големини да го разгледаат истото каде што е можно. За да се исполнат зголемените предизвици за далечинско работење и справувањето со компјутерските криминалци, комуникациските платформи ќе треба да се градат со архитектура за безбедност од самиот почеток. Голем број на производители на технолошки решенија само што започнаа да вметнуваат некаков вид на енкрипција – од крај до крај во своите решенија оваа година, до крајот на следната година, компаниите ќе очекуваат и вклучуваат енкрипција од крај до крај во сите алатки што се користат за комуникација.

Следната година несомнено ќе продолжи да им наметнува нови пречки на големите и малите организации, па затоа подготвувањето за најлошото сценарио ќе биде клучно за заштита на вработените. Бидејќи сајбер нападите продолжуваат да растат, приватноста на податоците станува клучна грижа за деловните субјекти и владите, далечинското работење станува трајно средство во работењето, а економијата забавува под тежината на промените, клучно е да го процениме начинот на кој суштински се пристапува кон сајбер безбедноста.