• 21.04.2021 23:46

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Предлог од опозицијата пратеници во македонското Собрание да можат да бидат лица кои имаат само македонско државјанство

Bysrs-editor

Mar 12, 2021

Измените што ги најавија од ВМРО-ДПМНЕ се во два члена, и тоа во условите за избор на пратеници каде што се додава нов член во кој се вели дека за лицето да биде избрано за пратеник треба да го исполнува условот, покрај другите, да е државјанин само на земјава
СДСМ го поддржа предлогот пратеници да бидат лица што имаат единствено македонско државјанство, но под услов тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав.

Ова е одговор на повикот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која прво преку пратеникот Антонијо Милошоски, а потоа и преку координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, најави дека ќе поднесе предлог-закон и дополнување на Законот за пратеници со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство.

„Исто така, предлагаме пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица што со своите незаконски дела го нарушуваат имиџот на земјата“, се вели во соопштениот од СДСМ.

Предлогот на опозициската партија доаѓа еден ден откако бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов на Фејсбук објави список на имиња со бугарски пасоши, кои, според него, се совпаѓаат со имињата на дел од членовите на партијата, што ВМРО-ДПМНЕ остро го демантираше.

Милошоски, Николоски, Пандов… се гласачи во Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ демантира дека тоа се нејзините функционери

„Во врска со наводните бугарски пасоши на пратениците и функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, чија цел е затскривање на аферите и скандалите на власта, за да ги прекинеме димните завеси коишто ги крена најдобриот пријател на Зоран Заев, Каракачанов, кој шири лажни вести, поднесуваме предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратеници“,

изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.
Измените се во два члена, и тоа во условите за избор на пратеници каде што, како што рече, се додава нов член во кој се вели дека за лицето да биде избрано за пратеник треба да го исполнува условот, покрај другите, да е државјанин само на земјава.

Мицевски посочува дека ваков услов има и во Законот за надворешни работи и оттаму бараат оваа одредба од членот на овој закон да се усогласи со Изборниот законик во рок од триесет дена по влегувањето во сила. Од опозицијата велат дека овој услов би важел од следниот собраниски состав, но ако се донесе во наредните триесет дена, да важи и за овој пратенички мандат.