• 16.05.2021 20:02

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Пред изборите во Албанија, Баша е сигурен во изборен триумф

Bysrs-editor

Apr 23, 2021

Лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, рече дека на неделните изори го бара првиот мандат „ за да ја смени Албанија” и е повеќе од сигурен дека ќе го добие.

-Ние го отфрламе насилството, ќе ја браниме демократијата, што подразбирате со тоа? Како што направивме и ќе сториме, за да излеземе масовно, секој глас се брои и доаѓа промената што денес е стремеж што ги надминува границите, додаде тој.

На прашањето дали ќе ги прифати изборните резултати, лидерот на Демократската партија рече дека на изборите на 25 април неговата партија ќе триумфира и оти тој ќе биде премиер на секој Албанец.

-Не може да биде ништо друго освен заминувањето на Рама. ПД и нашата коалиција ќе обезбеди убедлива победа а јас ќе бидам премиер на секој Албанец. Дури и Еди Рама знае дека ги губи изборите. На 25 април, одговорот ќе го добијат во гласачките кутии. Неговите осум годишни неуспеси не доведоа до овде, изјави Баша.

Демократската партија на изборите ја предводи коалицијата „ПД – Алијаса за промени” во која се и пповеќе помали политички партии, додека пост изборна коалиција има договорено со Движењето за социјалистичка интеграција.