• 16.05.2021 19:34

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Прелиминарни резултати од албанските парламентарни избори

Bysrs-editor

Apr 26, 2021

Првите прелиминарни резултати на Централната изборна комисија во Албанија покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама освои најмногу – 46,27 проценти од гласовите на вчерашните парламентарни избори.

Според Централната изборна комисија, опозициската Демократска партија на Љуљзим Баша доби 44,71 процент од гласовите, а Социјалистичкото движење за интеграција на претседателот Илир Мета доби 6,67 проценти од гласовите.

Според резултатите од анкетата на изборите „Еуроњус” во Албанија, трката ќе биде блиску меѓу социјалистите и опозицијата.

Околу 3,6 милиони албански граѓани со право на глас вчера избираа пратеници, кои ќе ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години.

Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Илирјан Целбаши рече дека вчера правото на глас го оствариле 48,2 отато од вкупно запишаните во единствениот избирачки список и дека изборите минале во мирна атмосфера.