• 20.04.2021 16:47

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Притисок врз Пелоси да го испрати импичментот на Трамп до Сенатот

BySarissa Editor

Jan 14, 2021

Спикерката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси не посочи кога ќе го испрати импичментот против претседателот Доналд Трамп до Сенатот, иако и лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом, Стени Хојер, нејзиниот заменик, јавно се залага импичментот да биде испратен „што е можно побрзо“.

Пелоси, запрашана во вчера дали истиот ден ќе го испрати импичментот до Сенатот, одговори „нема да го објавувам објавувањето во моментов“. Тоа беше многу различен одговор од оној на Хојер.

Во меѓувреме, лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел,  и лидерот на малцинството во Сенатот, демократот Чак Шумер, јавно се расправаат за тоа дали Сенатот треба веднаш да се врати во сесија и да започне заседавањето за импичментот пред избраниот претседател Џо Бајден да ја превземе функцијата на 20 јануари.