• 30.07.2021 15:07

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Пробиштип ќе биде домаќин на Конзервативниот караван на Институтот САРИСА

BySarissa Editor

Feb 9, 2021

Институтот за конзервативни политики „САРИСА“ продолжува со својот Конзервативен караван. Следната станица на караванот е Пробиштип, каде што на 20.02.2021 година ќе се одржи настанот насловен како „Конзервативна опција за развиена држава“.

Во најавата на организаторите може да се забележи дека панелот на говорници вклучува исклучително добри говорници и интересни теми. Директорот на Институтот САРИСА, м-р Сашо Марковски ќе зборува на тема „Конзервативизам за одржливи државни столбови“, а веднаш по него ќе се обрати раководителот на Секторот за политичко-идеолошки работи во Институтот САРИСА, м-р Александар Богатинов, кој ќе говори на тема „Градење современа држава и државни институции“. Последен ќе зборува членот на Советодавниот одбор на Институтот САРИСА, доц д-р Александар Нацев, кој ќе зборува на тема „Современо политичко дејствување: Лидерство, Државништво, Дискурс“.

Ова е четврт настан од серијата настани кои се одржуваат во организација на Институтот САРИСА, а претходно беа одржани настани во Штип, Гостивар и Битола.

Настанот ќе се одржи во хотелот „Црешово топче“, на 20.02.2021 година, со почеток во 13.00 часот.

Повеќе информации може да се добијат на следниов линк:

Конзервативна опција за развиена држава | Events | Facebook