• 31.07.2021 16:41

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Промоција на поштенска марка посветена на 100 години од раѓањето на Блаже Конески

Bysrs-editor

Apr 5, 2021

По повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, АД „Пошта на Македонија“ денеска ќе промовира пригодна поштенска марка.

На промоцијата, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за култура , генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов.

Настанот, како што информираат организаторите, е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“ која се одвива под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО.