• 22.04.2021 00:05

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Професионалните војници со навршени 45 години ќе може да бираат – државна работа или отпремнина од 1.000 евра за секоја година служба

ByJane Jancheski

Jan 28, 2021

Отпремнина од по 1.000 евра за секоја година мината во АРМ ќе биде новата опција која им се нуди на професионалните војници кога ќе навршат 45 години старост и ќе го достигнат старосното ограничување за служење во армијата за нивната категорија. Владата го прифати овој предлог на Независниот синдикат на одбраната, и ќе му го предложи на Собранието како измена на Законот за служба во Армијата. Според сегашната легислатива, „старите“ професионални војници по службата во АРМ добиваат вработување во државна институција.

Отпремината се воведува по барање на војници кои по кариерата во Армијата сакаат да почнат сопствен бизнис. Според проценките, најголем дел од професионалните војници кои го достигаат старосниот лимит за служење имаат меѓу 20 и 25 години стаж, што значи дека би добиле отпремнина од 20.000 до 25.000 евра, а некои и повеќе.

Парите за отпремнина на професионалните војници ќе се исплаќаат од буџетот на Министерството за одбрана. За да се испланираат овие расходи, војниците ќе треба да поднесат барање за отпремнина до 30 јуни во годината пред да наполнат 45 години, а Министерството треба да ги заврши сите административни подготовки 6 месеци пред војникот да го достигне старосниот лимит. 

Според македонската легислатива, професионалните војници немаат можност да се пензионираат од армиските редови. Служба до пензионирање е предвидена само за офицерите и подофицерите.