• 16.05.2021 19:23

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Пaд од 27 места: УКИМ на 1.944 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот

Bysrs-editor

Apr 27, 2021

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ e рангиран на 1.944 место на листата на 2.000 најдобри универзитети во светот за академската 2021/2022 година.

Листата која секоја година ги оценува академските перформанси на универзитетите ширум светот, ја објави Центарот за рангирање на светски универзитети, а годинава УКИМ бележи пад од 27 места, споредено со ланската академска година.

УКИМ е единствениот македонски универзитет на листата со 65,9 бодови од вкупно 100.

Универзитетите се оценувани според квалитетот на образованието што го нудат и бројот на истражувачки трудови кои произлегле од нив.

Од регионот, Србија е застапена со четири универзитети, Бугарија со два, а Грција дури 12. На светско ниво, пак, врвот и понатаму го држат американските универзитет Харвард, МИТ и Стенфорд.

Годинава во рангирањето биле вклучени вкупно 19.788 високообразовни институции од целиот свет, а само 2.000 се избрани како најдобри.