• 04.08.2021 10:19

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Рамуш Харадинај најави референдум за обединување на Косово со Албанија

BySarissa Editor

Jan 19, 2021

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, најави референдум за обединување со Албанија при претставувањето на изборната програма за вонредните избори на 14 февруари.

„Ќе дојде денот кога новиот американски претседател или новиот германски канцелар ќе мораат да се изјаснат за тоа што да му се каже на Косово во 2024, 2025 или 2026 година. Очекувајте да направиме нешто. Ниту сме прифатиле, ниту оставивме замрзнат судир, ниту сме прифатиле да нè раздвојуваат, но ќе одиме на референдум за обединување со Албанија. Запамтете го ова!“, порача Харадинај.

Поранешниот косовски премиер потсети дека Албанците од Косово пред 20 години му дале збор на Западот дека сакаат да ја почитуваат заедничката визија за придружување на Косово во ЕУ, НАТО, Обединетите нации и да го признае Србија.

„Ако ЕУ сака да убеди пет земји-членки да го променат ставот, а Америка сакаше да ни помогне да добиеме признавање од Израел, зошто европските партнери нè држат така изолирани , зошто нè оставаат настрана и одвреме-навреме ни велат дека за тоа сме виновни ние. Не се ли виновни Србија и другите соседни држави, дали тие беа совршени. Не можеме само да чекаме некој да биде расположен да го реши прашањето на Косово“, рече Харадинај.

Харадинај за време на претставувањето на изборната програма на својата партија беше многу критичен кон Европската Унија. Тој го отвори прашањето што ќе се случи за четири или пет години ако на Косово нема напредок.

„Ако Косово не е пред вратата на НАТО и ако Косово нема либерализација на визниот режим со ЕУ, не постои признавање од петте земји членки на ЕУ, ако не сме пред вратата на ОН, што ќе правиме следно, дали ќе го прифатиме она во што се обидоа да нè убедат дека Косово е уморно, слабо“, праша Харадинај.

Тој праша дали Косово ќе прифати да биде дел од замрзнат конфликт и додаде дека Косово не може да чека додека другите не бидат расположени да ги затворат многуте отворени теми. Харадинај истакна дека ЕУ ако сака, би можела да ги убеди петте членки да го признаат Косово, наместо граѓаните на Косово да ги остави „изолирани, и повремено да им кажува дека сте виновни за ова или она“.

„Зар Србија и другите соседни земји се совршени? Не можеме да чекаме додека некој не биде расположен да го реши косовското прашање“, кажа Харадинај.

Во однос на оваа изјава, претседателот на Србија, Александар Вучиќ вели дека би сакал да слушне реакции од Вашингтон, Брисел и другите центри на моќ. На новинарско барање да ја коментира најавата на Харадинај, Вучиќ рече дека на заканите не треба да се возвраќа со закани. „Мојот одговор е – вие ја работите ја својата работа, што сакате, ние ќе имаме добар и адекватен одговор, а граѓаните не треба да се грижат“, рече Вучиќ. Сепак, како што пренесуваат медиуми Вучиќ вели дека Харадинај е опасен човек и сериозен политичар кој се залага да стане нов претседател на Косово.