• 16.05.2021 19:51

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Ранет припадник на АРМ за време на вежба на полигинот „Криволак“

Bysrs-editor

Apr 18, 2021

Вчера во 13:45 часот во Полициска станица Неготино пријавено е дека околу 13 часот при изведување воени вежби на воениот полигон „Криволак“ припадник на Армијата се здобил со прострелна рана од пиштол во пределот на стапалото.

Повредениот бил пренесен во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Кавадарци.

Ова не е прв случај војник да биде повреден при вежбовни активности.