• 21.04.2021 23:35

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Родени на 4-ти јули: Израелските партии бараат американски прирачник за политички кампањи

BySarissa Editor

Jan 21, 2021

Заборавете на бакнувањето бебиња. Заборавете на прошетки низ пазарите на отворено, преполни со купувачи и поддржувачи. Заборавете на масовните митинзи на плоштад и салонските состаноци за да ги придобиете неопределените гласачи.

Изборната кампања во Израел во март 2020 година беше спроведена на почетокот на пандемијата на КОВИД-19, но без никакви ограничувања на собири или социјално дистанцирање. Сега народот се враќа на гласачките места на четврти избори во последните две години, но со мерки за заштита кои се очекува да важат барем до изборите на 23 март, а политичарите се подготвуваат за кампања која нема да изгледа како било која претходно, бидејќи митинзите и повеќето други настани се забранети. За совети како да го направите ова најдобро, неколкуте партии се осврнаа кон САД, како земја која штотуку спроведе значајни избори и покрај корона-вирусот која ја пустошеше земјата.

Израелските политичари долго време бараа американски анкетари и советници за кампања за помош на локално ниво. Во 1996 година, консултантот на Републиканската партија, Артур Финкелштајн му помогна на премиерот Бенјамин Нетанјаху да го добие својот прв мандат како премиер; а во 2015 година, демократскиот стратег Џереми Бирд ја советуваше локалната група V15 што се обидуваше да го исфрли Нетанјаху од власта.

И покрај тоа што електоратот и изборниот систем на Америка се разликуваат многу од израелскиот, ангажирањето на американски политички стратег стана скоро задолжително за партиите кои сакаат големи придобивки во Кнесетот. Дури и оние партии што не ангажирале американски консултанти се угледуваат на САД за инспирација за тоа што може да функционира и да се прилагоди за израелскиот изборен контекст.

Стариот Ликуд

Финкелштајн го советуваше Ликуд постојано сè до неговата победа во 2013 година, но во 2015 година, партијата се обрати кон искусниот републикански анкетар Џон Меклаклин, главен извршен директор и партнер во Меклаклин и соработниците.

Американскиот анкетар Џон Меклаклин со Бенјамин Нетанјаху

Во 2021, Ликуд ќе продолжи да бара совети од Меклаклин, кој исто така работеше со американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и за време на изборниот циклус во 2020 кој го изгуби.

Нетанјаху особено има долга историја на соработка со американски стратези. Рон Дермер од Флорида, близок соработник кој го привршува својот мандат како претставник во САД, му беше претставен на Нетанјаху делумно поради неговата поврзаност со републиканскиот анкетар Френк Луц.  

Во април 2019, како завршуваше првата од четирите евентуално последователни изборни кампањи, Нетанјаху го постави Меклаклин пред камерите, фалејќи го дека бил анкетарот на Трамп кој ќе објасни како тој како американски експерт гледа дека бројките покажуваат дека Ликуд заостанува со поддршка.

Видеото беше повторување на она што е познато во Израел како насилна „гевалт“  кампања која има за цел да ги одврати гласачите на десницата од помалите партии и да ги втурне во прегратките на Ликуд.

Во минатото Меклаклин го обвинуваа дека на клиентите им го кажува она што сакаат да го чујат. По немирите на Капитол и вториот импичмент на Трамп, Меклаклин му испрати меморандум на Претседателот во кој тврди дека анкетите покажуваат дека повеќето Американци биле против импичментот и дека претставниците на Републиканците кои гласаа за отповикување на претседателот ќе платат политичка цена, според Вашингтон Пост.

Сепак не е јасно колку Нетанјаху ги користи советите на Меклаклин. Во кругот на Ликуд, Нетенјаху е познат како врховниот консултант-на сам себе, кој се потпира на сопствениот инстинкт и на советот на неговото потесно семејство, наспроти аналитичките податоци.

За анкети во Израел, Меклаклин работи со израелскиот анкетар Рафи Смит од Смит Консалтинг, чии податоци ги анализира. Но Нетанјаху вообичаено се консултира со Офер Голан, менаџерот на кампањата на Ликуд, за кој важи дека користи необработени податоци од дневни анкети кога донесува одлуки.

Нетанјаху и Голан „разговараат во бројки“, изјави близок извор од тимот на кампањата за Тајмс од Израел. Не се очекува Меклаклин да патува во Израел за кампањата во март 2021 год., но ќе продолжи да работи со кампањата на Ликуд од далечина, според Тајмс од Израел.

Советниците на Ликуд не гледаат голема поврзаност помеѓу изборите во САД и тековната кампања во Израел. Сепак, изгледа се обидуваат да ископираат нешто од одлуката на кампањата на Бајден, а тоа е да се држат понастрана од Твитер и од валканите игри на социјалните медиуми. Слично, Ликуд ќе се обиде да се држи понастрана од социјалните медиуми и да се држи до клучните однапред испланирани пораки, кои се засноваат на податоци од истражувања, според извори блиски до Ликуд.

Врвните помошници на Нетанјаху ја имаат разгледувано можноста да им се препуштат препирките на социјалните медиуми на други, а тие да останат „над целата ситуација“, според извор на Ликуд. Еден советник на Ликуд го опиша Твитер како затворен круг, со влијателни луѓе (инфлуенсери) кои го изразуваат истото мислење и го шират тоа мислење со нивното влијание.

Таквата стратегија ќе ја стави во предност умешноста на Нетанјаху во држење до точките на говор и нивно повторување „до бесвест“, без да се застрани ни милиметар од зацртаното.

Големиот еманципатор

Гидеон Саар, главниот противник на Нетанјаху, може да тргне во спротивна насока, да скокне во огнот и да се обиде да му нанесе удар на премиерот таму каде што најмногу го боли во стилот на Проектот Линколн во САД, кои направија уметнички кратки видеа  наменети да го исмеваат и прогонуваат Трамп за време не кампањата во 2020 година.

Гидеон Саар во пленумот на Кнесет на 9 декември 2020 година.

Во неделата, се појавија извештаи дека Саар, лидерот на партијата Нова надеж, најмил четири основачи на Проектот Линколн како негови советници. Стив Шмит, Рик Вилсон, Стјуарт Вилсон и Рид Гејлен во минатото имаат работено со поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот, сенаторот Мит Ромни, покојниот сенатор Џон Мекејн и поранешниот гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер, сите Републиканци.

Потегот се чини природен. Проектот Линколн беше основан како обид на Републиканците кои се загрижени поради наводната корупција на Трамп и неговите етички пропусти да имаат кампања против него и да ги привлечат конзервативците кон Џо Бајден. Партијата на Саар се смета како дом за членови на Ликуд и други десничари кои се загрижени поради наводната корупција на Нетанјаху и етичките пропусти. Ангажирањето на овие советници се чини дека е сигнал за тоа каде може да отиде неговата кампања и какви му се намерите да одговори на нападите на Нетанјаху кон Саар и неговите блиски дека се „незадоволни левичари“.

Овие четворица советници може ќе отпатуваат во Израел за сесија за размислување со Саар, во зависност од рестрикциите поради корона-вирусот и расположливоста на летови, според Тајмс од Израел. Инаку, состаноците помеѓу засегнатите страни ќе продолжат на платформата Зум.

Лапид размислува за Џорџија

Лидерот на Јеш Атид, Јер Лапид, вели дека ја одржува својата врска со стратези поврзани со Демократската партија. Од 2014 година, Лапид се консултира редовно со демократскиот стратег Марк Мелман, претседател на Групацијата Мелман и лидер на организацијата Демократско мнозинство за Израел.

Претставникот од Флорида Тед Дојч

Лапид исто така се консултира со претставникот од Флорида Тед Дојч, со кој негува блиска соработка во последните години. Во разговор за Тајмс од Израел, Лапид беше критичен кон начинот на кој Нетанјаху се поврза себеси со Републиканската партија.

„Нетанјаху направи сериозна грешка“, изјави тој преку Зум на почеток на месецов. „Го погази својот свет принцип на аполитични односи со двете партии во САД. Тој го претвори Израел во огранок на Републиканската партија. Претседателот Трамп е голем пријател на Израел, тој го помести седиштето на амбасадата и започна со признавање на сувереноста врз Голанската Висорамнина…. но тоа не го оправдува ставот на Нетанјаху кон Демократската партија.“ 

„Не се сомневајте дека избраниот Претседател Бајден ќе биде срдечен кон Нетанјаху. Но Демократите се сè уште лути на Израел и тоа можеше да се одбегне. Мојот однос со Демократите е очигледно подобар од односот на Нетанјаху. Тие не закрепнаа од начинот на кој Нетанјаху се однесуваше и имаат долга меморија и не простуваат лесно“, додаде Лапид зборувајќи за затегнатите односи на Нетанјаху со администрацијата на Барак Обама и прегратката со Трамп.

Извор близок до кампањата на Јеш Атид изјави дека партијата црпи инспирација од Стејси Ејбрамс, политичарка од Џорџија на која ѝ се припишува главната улога за успехот Џорџија да стане држава со цврста поддршка за Демократите.

Јаир Лапид  

Помеѓу тактиките кои Јеш Атид планира да ги примени е и тактиката која ја користеа Демократите во Џорџија пред клучната битка во Сенатот на 4 јануари, кога се премина од митинзите со коли кои се користеа за време на главната кампања за изборите кон лична кампања, кога активистите почнаа да одат од врата на врата кај гласачите. За сега, таа стратегија е невозможна тука, бидејќи Израел е под клуч со кој се забранува патување поголемо од еден километар, освен за неопходни потреби, но се очекува олабавување на рестрикциите со намалување на бројките на нови инфицирани случаи, особено како ќе расте кампањата за вакцинација.

„Штом ќе се укинат рестрикциите, ќе биде значајно за нас да одиме од врата на врата,“ изјави Лапид. „Деновиве не можам да соберам илјада луѓе на мој настан како што тоа го правев во претходните кампањи. Но нашите волонтери и партиски активисти ќе можат да тропнат на илјада врати кога ќе се укинат рестрикциите. Ова е познат политички принцип кој се нарекува „Луѓето нè сакаат“. Тоа е кога обични луѓе одат да разговараат со гласачите. Тие може да бидат влијателен политички фактор и партијата како нашата со вистинска теренска работа ќе победи на денот на изборите.“

Претседателот на кампањата за човекови права Алфонсо Дејвид (лево) за време на кампањата во Џорџија

Кампањата ќе се фокусира исклучиво на оние кои се веројатни поддржувачи, наместо да се обидува да ги придобие неопределените или поддржувачите на другите партии, со идејата дека одѕивот ќе биде клучен, идеја која е позајмена од Американците.

Исто така, партијата научи од Демократите дека состаноците на Зум треба да се фокусираат на лично ниво и на ниво на заедницата, наместо да се обидуваат да придобијат илјадници и да се имитира голем митинг.  

„Нашите состаноци на Зум ќе се одржуваат на ниво на локални органоци“, рече Лапид на една неодамнешна прес конференција. „ Но нашите пријатели од САД нè советуваа дека треба да останеме географски на ниво на локална заедница, дури и на Зум.“

Справување со лажни вести

Левичарската партија Мерец исто така се потпре на американски политички стратези за совети, изјави еден партиски функционер, со план да се зголеми видливоста преку нетрадиционални медиуми.

„За жал, Мерец страда од забореавеност (игнорирање) од главните медиуми, така што планираме да користиме дигитални технологии и онлајн платформи кои ќе ја надминат таа пречка и ќе ги пренесат нашите пораки на места каде што се наоѓа нашата публика, изјави партискиот функционер.

Претседателот на партијата Мерец, Ницан Хоровиц, во средина

Мерец одржува близок контакт со демократскиот советник Џим Герштејн, соосновач на ГБАО Стратешки Комуникации, и исто така со еврејските политички организации како Ј-Стрит и еврејското движење блиско до Мерец.

Партискиот функционер изјави дека учат од Американците како да се справат со лажните вести и нападите преку промовирање на нивната прогресивна платформа.

„Учевме од американскиот систем дека постои начин да се справиме со лажните вести.“ изјави функционерот. „Лагите не треба да се повторуваат, и ние може и треба да претставиме алтернатива и да бараме социјални, здравствени и економски промени.“

Не треба да се впуштаме во кампања „секој освен Биби [Нетанјаху]“, туку треба да претставуваме фактички и сериозни избори за различни прашања.

Одење на терен

За разлика од САД, каде што имаше прилив на пари од донации за она што стана познато како најскапата изборна сезона досега, во Израел постои лимит на донациите, ограничувајќи колку средства можат партиите да примат.

Поддржувачи на Бајден присуствуваат на митинг со коли

Амир Шнајдер, правник кој беше еден од двајцата менаџери на кампањата на Трамп во Израел минатата година, предупреди дека кампањите од врата до врата не даваат вредност за парите, и дека средбите на Зум имаат 30% ефикасност во споредба со настаните во живо.   

„Важно е да се запомни дека на изборите, во Израел и на друго место, се победува со мала маргинална разлика, а не со голема разлика. Затоа секоја кампања вложува напори да собере гласови од својата база. Одењето од врата до врата, убедување на луѓето, е најскапата кампања,“ изјави тој за Тајмс од Израел, „Во кампањата треба да ангажира илјадници активисти во секој град. Во Израел, ретко сум наишол на ефективна кампања од врата до врата, освен можеби еднаш, од страна на Нир Баркат, во неговата трка да го победи постојниот градоначалник на Ерусалим. Тој ги опреми своите активисти со таблети и тие отидоа ширум Ерусалим, со неограничени ресурси.“

Потребата за ефикасност, заедно со поместувањето кон дигиталните алатки, ги прави дигиталните ресурси значајни, а помеѓу поголемите партии сами Јеш Атид и Ликуд имаат сериозни бази на податоци и други алатки. И двете партии имаат големи листи за праќање информации, политички координатори кои се организираат преку Ватс Ап и друг апликации, бази на податоци на гласачи и други дигитални алатки како што се апликациите за менаџирање на денот на избори како Електор, која ја користи Ликуд да ги идентификува областите со поддршка.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху засадува дрво

Помалите партии се фокусираа на поголем контакт преку дигитални алатки кои го стеснуваа кругот на нивните поддржувачи, додека останува нејасно што користат партијата Нова надеж и Израелската партија на Рон Худаји.

Шнајдер изјави дека во Израел не очекува митинзи со коли налик на оние кои ги имаа Бајден и неговата заменичка Камала Харис, што беа само реакција на одбивањето на Трамп да ги откаже настаните во живо.

Но тој исто така изјави дека иако дигиталните операции беа значајни, немаше замена за теренската работа. „Неопходна е теренска работа. Во март 2020 година, Нетанјаху ја помина земјата за разлика од претходните кампањи. Тоа се одрази и во бројките, затоа што освоија 36 мандати, “ изјави тој. „Но Републиканците изгубија и треба да обрнат внимание на напорот кој го вложија Демократите, особено во Џорџија.“ 

Текстот со интервенции е превземен од Times of Israel