• 15.04.2021 09:33

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Романот „Еден ден во декември“ објавен на македонски јазик

Во издание на „Бата прес“ на македонски јазик е објавен романот „Еден ден во декември“ од британската писателка Џози Силвер.

Како што соопшти издавачот, станува збор за бестселер кој уште во првата година по издавањето беше на врвот на листите во водечките светски весници и списанија.

-Џози Силвер напиша топла и моќна сторија за љубовта, губењето и пријателството, со чии што ликови се поистоветуваме. Ова е книга на која постојано ќе се навраќате, пишува познатиот книжевен критичар и есеист Џил Сантиполо.

Книгата првата јавна промоција ќе ја има на Осмомартовскиот саем на книгата што се одржува во трговскиот центар „Сити мол“, а нејзиното прво издание беше речиси распродадено во претплата.

Џози Силвер е писателка на романтични љубовни приказни. Нејзиниот роман „Еден ден во декември“ беше на бестселер листата на „Сандеј тајмс“ и „Њујорк тајмс“. Преведена е на повеќе од 25 јазици.