• 21.04.2021 08:44

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Роналд Вилсон Реган – еден од основоположниците на модерниот конзервативизам

Роналд Вилсон Реган е роден на 6ти февруари 1911 година. Тој беше американски политичар и конзервативец кој служеше како 40-ти претседател на САД од 1981 до 1989 година и стана силно влијателен глас на модерниот конзервативизам.

Во 1980 година, Реган ја освои номинацијата за претседател на Републиканската партија и го победи актуелниот претседател Џими Картер. На 69-годишна возраст за време на неговата прва инаугурација, Реган беше најстариот претседател на САД, разлика што ја држеше до 2017 година кога Доналд Трамп беше инаугуриран на 70-годишна возраст. Реган беше реизбран во 1984 година, освојувајќи 58,8% од националното народно гласање. Тој победи во скоросите држави освен во  Вашингтон и матичната држава Минесота и тоа остана обележано како една од најголемите победи во модерната американска историја.

Периодот на американската историја во која најмногу доминирал Реган и неговата политика што се однесувала на даноци, социјална помош, одбрана, федерално судство и Студената војна денес е позната како ерата на Реган. Овој временски период нагласи дека конзервативната „Реганска револуција“, предводена од Реган, има трајно влијание врз Соединетите држави во внатрешната и надворешната политика.

Додека се кандидираше за претседател, Реган вети дека ако му се укаже шанса, тој ќе назначи жена пред Врховниот суд на САД. Во 1981 година, тој ја назначи Сандра О Конор за прва жена судија на Врховниот суд. Реган го воспостави и проектот„ Педесет Држави“ како и многубројни совети и комисии за жени. Елизабет Дол, републиканска феминистка и поранешен федерален комесар за трговија и советник на претседателите Линдон Б. Џонсон, Ричард Никсон и Џералд Форд (која стана секретар за транспорт вовремето на Реган), го предводеше овој проект за правата на жените.

Реган беше против абортусот, освен во случаи на силување, инцест и доколку животот намајката е во опасност. Тој еднашизјави: „Ако се доведеме во прашање дали има живот или смрт, сомнежот треба да се реши во корист на животот“.

За време на администрацијата на претседателот Реган, беше развиен двопартиски консензус. Тие бараа начин да се придвижат иницијативите што беа преземени за унапредување на човековите права, вклучително и во политичката сцена. Претседателот Реган ја виде потребата да помогне во промовирање на демократизацијата низ целиот свет. Кратко време откако Конгресот на Соединетите држави ја создаде Националната фондација за демократија (NED), во 1983 година беа основани ИРИ (International republican institute) и НДИ (National democratic institute).

Во однос на надворешните работи, тој остро го осудуваше комунизмот. Во јуни 1987 година, четири години откако тој јавно го опиша Советскиот сојуз како „злобна империја“, Реган го предизвика советскиот лидер Михаил Горбачов да го „сруши ѕидот!“, за време на говорот пред Берлинскиот ѕид.. Подоцна се вклучи во разговори со Горбачов кои кулминираа со Договорот за ИНФ, кој ги намали нуклеарните арсенали на двете земји.

Роналд ја реобликува Републиканската партија.  Предводеше современо конзервативно движење и ја смени политичката динамика на Соединетите држави.  На изборите Реган привлече огромен број религиозни гласачи,но исто така и голем број демократи кои гласаа за него. Тие дури беа наречени и “Реганови демократи” .

Реган остави огромно влијание во Републиканската партија. Кога Реган ја напушти функцијата во јануари 1989 година, тој имаше рејтинг од 68%, што одговара на оној на Франклин Д. Рузвелт, а подоцна и на Бил Клинтон, како највисок рејтинг за претседателите во заминување во модерната ера.

Најпознатата изјава на Реган во врска со улогата на владаta беше дека „Владата не е решение за нашиот проблем, владата е проблемот“.

Неговиот мандат претставуваше преуредување кон конзервативната политика во САД, и тој е икона меѓу конзервативците. Оценките за неговото претседателствување меѓу историчарите и пошироката јавност го сместуваат во највисокиот ред на американските претседатели.