• 25.06.2021 09:00

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Русија возвраќа со контрамерки по протерувањето на дипломат од Република Македонија

Прогласувањето на рускиот дипломат за персона нон грата во Република Македонија е непријателски чин кон дипломатската мисија во Скопје. Ова е реакцијата на руското Министерство за надворешни работи, по одлуката да се протера руски дипломат од Скопје на кој му беше даден рок од седум дена за да ја напушти земјата.

Русија најавува контрамерки за Република Македонија.

„На 14 мај беше преземен непријателски чин против руската дипломатска мисија во Република Македонија. Локалните власти прогласија еден од дипломатите за персона нон грата. Ние силно ги осудуваме ваквите немотивирани активности, кои не можат, а да не влијаат на односите меѓу Русија и Република Македонија. Следуваат контрамерки“, соопшти руското МНР.

За случајот извести македонското Министерство за надворешни работи, а го потврди и претседателот Стево Пендаровски, кој изјави дека станува збор за документиран случај, а не за импровизација. Како што информираше МНР, на 14 мај рускиот амбасадор во Скопје, Сергеј Александровиќ Баздикин, бил повикан во македонското МНР, каде што бил известен дека еден руски дипломат е прогласен за персона нон грата и дека за неколку дена треба да ја напушти земјата. Како причина за протерување на дипломатот се посочуваат активности што не се во согласност со однесувањето кое се очекува од странски дипломат.