• 16.05.2021 19:40

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Русија и официјално им забрани на хомосексуалците брак и посвојување деца

Bysrs-editor

Apr 11, 2021

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша уставниот амандман со кој во Русија официјално се забрануваат истополовите бракови.

Дефинирањето на бракот како заедница исклучиво на маж и жена е дел од групата уставни реформи кои Русите ги изгласаа на 1 јули 2020. Од тој пакет кој го поддржаа речиси 78 отсто од Русите најпозната е одредбата која на Путин му овозможува да се кандидира за уште два шестгодишни претседателски мандати и така до 2036 година да владее со Русија. Во истиот пакет уставни промени на Путин му е даден и доживотен имунитет од кривичен прогон.

На 5 април Путин официјално ги потпишал уставните амандмани и овозможи нивно стапување на сила.

Истополовите бракови веќе се нелегални во Русија па новата формулација во уставот дополнително го утврдува тоа и уште повеќе се отежнуваат шансите на истополовите двојки некогаш да добијат шанса за рамноправност со хетеросексуалните парови.

Ова исто така значи дека ЛГБТ лицата нема да можат да посвојуваат деца.

Пред националното гласање за уставните амандмани, за кое критичарите тврдат дека е наместено, пропагандната група која ја водеа сојузници на рускиот претседател објави оглас во кој беше прикажано сираче посвоено од двајца татковци, кои го облекле во фустан и го нашминкале.

Огласот порачуваше: „Одлучете за иднината на земјата. Гласајте за измените на уставот“.