• 30.07.2021 14:07

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Русија навестува дека може да се врати на Договорот за отворено небо, ако тоа го направат САД

Русија размислува за враќање на меѓународниот пакт што ќе дозволи надзорни летови над воените објекти доколку Соединетите држави го променат ставот за излез од истиот, изјави вчера првиот руски дипломат.

Москва минатиот месец објави дека ќе го напушти Договорот за отворено небо по заминувањето на САД од пактот минатата година, додавајќи дека руските предлози да се одржи договорот жив по повлекувањето на САД добиле негативни мислења од сојузниците на Вашингтон.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите во вторникот, во Москва со шведската министерка за надворешни работи Ен Линд, сегашен претседател на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, изјави дека Москва сепак може да размисли за враќање. „Доколку Соединетите држави целосно се вратат на почитување на договорот, Руската Федерација ќе биде подготвена конструктивно да ја разгледа таа нова ситуација“, рече Лавров.

Тој истакна дека иако Русија ја објави својата намера да се повлече, таа сè уште официјално не го доставила релевантното известување до другите страни. Изјавата на Лавров доаѓа неколку дена откако Москва и Вашингтон постигнаа договор во последен момент за продолжување на нивниот последен преостанат пакт за контрола на нуклеарното оружје, договорот „НОВ СТАРТ“, кој требаше да истече на 5 февруари.

Минатата недела при телефонски разговор, американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, официјалната изјава на Кремлин беше дека разговарале за пактот за отворено небо заедно со други прашања.

Договорот за отворено небо имаше за цел да изгради доверба меѓу Русија и Западот, дозволувајќи им на повеќе од десетина потписници на спогодбата да вршат извидувачки летови над едни со други територии за да соберат информации за воените сили и активности.

Повеќе од 1.500 летови се спроведени според договорот од неговото влегување во сила во 2002 година, со цел да се поттикне транспарентност за воените активности и да се помогне во следењето на контролата на оружјето и другите договори.

Претседателот на САД, Доналд Трамп се повлече од пактот, тврдејќи дека руските прекршувања го прават неодржливо останувањето во истиот.