Русија планира да изгради поморска база на брегот на Црвеното море во Судан, за да може полесно да ја опремува и снабдува својата флота. Ова стои во нацрт договорот помеѓу Москва и Картум, кој е потшишан од рускиот премиер Михаил Мишустин.
Плановите, како што беше објавено на вебсајтот на руската Влада, вклучуваат воспоставување на логистички центар за поддршка кој ќе се изгради на крајбрежјето на Судан, и ќе служи за поправки и опремување при операциите и за одмор на членовите на екипажите. Капацитетот на оваа база ќе биде околу 300 воени и цивилни лица, и ќе опслужува четири брода, вклучително и нуклеарни пловила.