• 22.04.2021 01:23

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Русиja тестираше крстосувачка ракета „Калибар“

Руската морнарица тестираше крстосувачка ракета од типот „калибар“ во Јапонското Море, од фрегатата „Маршал Шапошников“ и пукаше кон копнена цел.

Ракетата ја погоди целта на Кејп Суркум, оддалечена илјада километри, навреме и како што беше планирано, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Руската Федерација, пренесе ТАСС.

Летот на крстосувачката ракета го надгледуваше руската пацифичка флота, како и поморската авијација, која ги контролираше и областите на патот на проектилот и целната област до која беше испукана.

Извори од рускиот воено-индустриски одбранбен комплекс му потврдија на судот дека модернизираната воена фрегата „Маршал Шапошников“ ќе се приклучи на пацифичката флота на руската морнарица пред крајот на оваа година.