• 20.04.2021 17:14

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

САД годинава продале оружје и опрема во вредност од 175 милијарди долари

ByJane Jancheski

Dec 5, 2020

Стејт Департментот на САД ги соопшти податоците за продажба на воена опрема и оружје на други држави, за фискалната година која завршува на 30 септември.

Продажбата на американска воена опрема за странски држави во текот на фискалната 2020 година се зголемил за 2,8 отсто, достигнувајќи 175 милијарди долари. Претходната година САД продале оружје во вредност од 170 милијарди долари.

Најголемиот договор за продажба се однесува на јапонската набавка на 63 борбени авиони Ф-35 од компанијата „Локхид Мартин“ по цена од 23 милијарди. На врвот на листата се и Мароко, со купени хеликоптери AH-64E во вредност од 4.25 милијарди долари и Израел со купени керозин, нафта и гориво во вредност од 3 милијарди долари.

Продажбата на вооружување и воена опрема е значаен дел од надворешно политичката стратегија на САД, и е еден од начините да се оствари долгорочно влијание врз регионалната безбедност и стабилност во регионите кои се од интерес за САД. Токму заради овој факт, САД ги зема во предвид политичките, воените и економските фактори, како и почитувањето на човековите права и владеењето на демократијата при одобрувањето на договорите за продажба на вооружување и опрема на одредена држава.