• 20.04.2021 20:04

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

САД планираат да ја укинат поддршката за офанзивни операции во Јемен

За време на претседателските мандати на Барак Обама и Доналд Трамп, САД ја поддржуваа коалицијата предводена од Саудиска Арабија против бунтовниците во Јемен.

Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците, кои контролираат поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана.

Во судирите убиени се над 110.000 луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население е зависно од хуманитарната помош.

– Џејк Саливен, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, денеска најави промена на политиката на САД кон Јемен односно укинување на поддршката за офанзивните операции.

Но, Саливен посочи дека тоа не се однесува на операциите против Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.