• 21.04.2021 00:40

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Салвини: Само ја бранев својата земја од мигранти

Bysrs-editor

Mar 21, 2021

Италијанскиот обвинител официјално побарал на лидерот на десничарската партија “Лига”, Матео Салвини, да му се суди за киднапирање. Причина за тоа е неговата одлука да спречи влез на повеќе од 100 мигранти во земјата во 2019-та година.

Одлуката на Салвини, донесена додека бил министер за внатрешни работи, ги оставила мигрантите на цедило на море се додека обвинителите не наредиле заплена на бродот и евакуација на луѓето од истиот, потсетува “Reuters”.

Салвини ја бранел својата постапка и рекол дека не го загрижува барањето на обвинителот, кое е дел од долготрајната правна постапка – италијанскиот Сенат минатата година го овластил судот за спроведување на истрага за киднапирање.

“Горд сум што работев на заштитата на својата земја, почитувајќи го законот, ја будев Европа и спасував животи. Ако тоа може да ми создаде проблеми, тогаш со задоволство ќе прифатам”, напишал Салвини на Фејсбук.

Во текот на 14-те месеци колку што ја вршел функцијата министер за внатрешни работи, Салвини спречил неколку чамци да пристигнат во Италија, обидувајќи се да ги спречи мигрантските текови.

Редовно го обвинувал добротворните организации дека со спасувањето на мигранти ефикасно го поттикнуваат шверцот на луѓе.