• 03.08.2021 23:26

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Само неколку часа пред инаугурацијата на Бајден, ОАЕ и САД се договорија за продажба на F-35 борбени авиони

Обединетите Арапски Емирати на 20 јануари потпишаа договор за купување до 50 борбени авиони Ф-35 и 18 беспилотни летала MQ-9 Reaper од САД.

Според Ројтерс, кој ја објави веста, договорот е еден од последните акти на администрацијата на Трамп, што се случи само еден час пред инаугурацијата на претседателот Бајден. Договорот ги посочува цената на авионот, техничките спецификации и распоредот за испораки на Ф-35 во ОАЕ, изјавиле за Ројтерс луѓето запознаени со договорот. Не може да се потврди со сигурност кога првиот Ф-35 треба да се достави до Абу Даби, но наведено е дека првичниот предлог ја предвидува 2027 година како еден можен датум за почеток. Договорот за ОАЕ претходно беше проценет на вредност од 23,37 милијарди американски долари, вклучувајќи 50 борбени авиони Ф-35А во вредност од 10,4 милијарди долари, 18 беспилотни летала MQ-9B во вредност од 2,97 милијарди долари и муниција воздух-воздух и земја-земја во вредност од 10 милијарди долари.

Не е јасно дали новата администрација ќе се обиде да го поништи договорот. Изборот на Бајден за државен секретар, Антони Блинкен, на новинарите им соопшти кон крајот на октомври дека продажбата е „нешто што би го погледнале многу, многу внимателно“, поради обврските на САД да ја чуваат израелската граница.

Во декември, Сенатот го отфрли обидот да се блокира продажбата, а републиканците главно гласаа за зачувување на договорот. Првиот глас се однесуваше на беспилотни летала и муниција и не успеа со 46-50, додека вториот се однесуваше на Ф-35 и не беше изгласан со 47 према 49.