• 21.04.2021 00:11

САРИСА

Прв македонски конзервативен портал

Сарисата била авангардно оружје за своето време

BySarissa Editor

Nov 25, 2020

Сариса е долго копје со две острици од двата краја, чија првична должина била 7 метри, но поради практични причини било скратено на 6 метри. Воведено е од страна на Филип II во вооружувањето на македонската фаланга и претставувало револуционерно откритие на македонската војска. Сарисата како оружје, е направена од цврсто и еластично дрво, со тежина од преку 5 килограми и се носела во два дела кои се спојувале пред битка и морало да бидат ракувани со две раце, при што 4/5 од сарисата биле пред телото на војниците, а 1/5 позади нив. На врвот острицата и била кратка, железна и во облик на лист, додека на долната страна имало мал бронзен клин кој служел за вклопување на копјето и задржување на позицијата  при налет на непријателот.

Одблизу ваквите големи оружја биле бескорисни, но во битка овозможувале креирање на дистанца, преку која војникот можел лесно да ги чува непријателите таму кај што се, без да можат да се доближат без жртви. Неговата огромна должина била голема предност над непријателските хоплити и војници со помали оружја, бидејќи прво требало да ја поминат сарисата за да можат да дојдат до самиот војник. Првите пет редови од фалангата го држеле копјето хоризонтално, а останатите редови исправено на рамо. Кога ќе паднеле првите редови, останатите го спуштале хоризонтално, односно во борбена положба. Со помош на сарисата и воените формации, за првпат македонската држава на чело со Филип II создала една силна армија која била запаметена во историјата.

м-р Никола Веселинов